Денеска во Брисел средба Коѕиас-Нимиц – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Денеска во Брисел средба Коѕиас-Нимиц

Метју Нимиц, посредникот во спорот за името денеска во Брисел ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.

Средбата ќе се одржи на барање на Грција и ќе се дискутира околу пронаоѓање на начин за напредок во преговорите околу спорот за името. Средбата доаѓа по посетата на Нимиц на Скопје и средбите со македонскиот државен врв. Тој изјави дека засега охрабрувачки е што ова прашање е во фокусот и на двете влади.

„Целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија во почетокот на јули, е да се дискутира за пронаоѓање можност за напредок во преговорите за спорот за името“, изјави Стефан Дужариќ, портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации. Нимиц по средбите со македонскиот државен врв во Скопје порача дека не може да се очекува нов предлог и брзо решение.

 Превземено од: МКД

Би те интересирало и

Регионалната платформа: Брзата реакција на српската полиција претставува добар знак

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, ...

Сопственикот на Пинк одбил половина милјарда евра

Сопственикот на српската телевизија Пинк, Жељко Митровиќ одбил половина милијарда евра, кои за купување на ...