Денеска до 43 степени, утре можно невреме – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Денеска до 43 степени, утре можно невреме

Во Македонија во саботаа времето ќе биде сончево и многу топло, со максимална дневна температура од 36 до 43 Целзиусови степени, а УВ-индексот ќе биде 9.

Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер кој во западните и во југозападните делови повремено ќе се засилува.

Во Скопје и околината се предвидува слично време, сончево и многу топло со температура од 21 до 40 степени.

Во недела од север ќе се спушта посвежа воздушна маса што ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне. Локално е можна и појава на невреме.

В понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд. Во недела ќе дува умерен, а во понеделник и вторник засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на максималната температура, која во понеделник ќе биде најниска во интервал од 21 до 29 степени.

Од вторник ќе има стабилизирање на времето, температурата ќе биде во благо покачување.

Би те интересирало и

Еколошка акција денеска во Кавадарци, ученици и еколози го собраа отпадот околу езерцето на висорамнината Витачево

Во рамки на акцијата, Ден на планетата земја кој годинава се одбележува под мотото „Да ...

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека со наместен тендер ќе се набавуваат реагенси, СДСМ најавува подобри здравствени услуги

Опозицијата обвинува дека СДСМ има намера да ја централизира набавката за реагенси за сите лаборатории ...