Денеска е 1-ви декември – Светски ден за борбата против ХИВ/СИДА – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Денеска е 1-ви декември – Светски ден за борбата против ХИВ/СИДА

 

Светскиот ден против СИДА-та (World AIDS Day) е осмислен и прифатен од 140 земји во светот на Светскиот Самит во Лондон во 1988 година.

Светски ден на борба против СИДАИстата година, Светската Здравствена Организација (СЗО) ја согледа потребата за постоење на еден ваков ден и го прогласи 1-ви декември како Светски ден за сидата – “World AIDS Day”. Од тогаш па сè до денес, Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА-та, се одбележува во скоро сите држави во светот.

Црвената лента (AIDS Awareness Ribbon – Red Ribbon) на солидарност е лента која покажува дека лицето кое ја носи е свесно за проблемите врзани со ХИВ/СИДА-та, дека се солидаризира со борбата против оваа болест и дека им оддава почит на лицата кои и подлегнале на оваа болест или кои сеуште се борат за својот живот. Црвената боја на лентата е избрана за да ја симболизира крвта, страста и љубовта.

ХИВ е скратеница за хуманиот вирус на имунодефициенција (Human Immunodeficiency Virus). Тој го напаѓа имунолошкиот систем кај човекот, поради што организмот станува неспособен да се бори и против обичните инфекции.

Сида (синдром на стекнат недостатот на имунитет) или AIDS (Acquired Immuno-Deficiency Syndrome) е термин кој се користи кога имунолошкиот систем на едно лице е толку оштетен со ХИВ вирусот што бројот на крвните елементи за борба против инфекциите т.н. помагачи на Т лимфоцитите (CD4 клетки) паѓа од 800-1050 на помалку од 200 по милилитар на крв во крвотокот.

Пациентот е тогаш подложен на бројни инфекции и на крај умира како последица на болести, против кои неговиот имунолошки систем не може да се бори.

Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА (синдром на стекната имунодефициенција). Ако некое лице е ХИВ позитивно, тоа значи дека крвниот тест покажува дека вирусот е присутен во организмот. Се додека вирусот не го нападне имуниот систем (понекогаш по многу години), тоа лице нема СИДА.

Како се пренесува?

Со ХИВ може да се заразите ако една од овие заразени телесни течности дојде во допир со крвта:

  • крв,
  • семена течност,
  • вагинална течност,
  • мајчино млеко.

Преку што не може да се заразете со ХИВ?

ХИВ не се пренесува преку секојдневните социјални контакти. Сидата неможе да се пренесе:

  • преку ракување или допирање или преку обично бакнување на ХИВ позитивни лица,
  • преку убод на комарец или инсекти,
  • ако го делите домот со ХИВ позитивно лице,
  • ако работите или одите на училиште со лице кое е ХИВ позитивно,
  • ако донирате крв,
  • преку клозетски шољи, кваки на вратите или преку шољи за кафе

Како да знаете дали имате ХИВ?

Тестирање на крвта

Тестирањето на крвта ќе покаже дали се присутни антитела на ХИВ, односно дали некое лице е ХИВ позитивно – не постојат клинички знаци кои ќе ви укажат на тоа. Вакво тестирање кај нас може да се направи на Клиниката за инфективни болести.

По инфекцијата со вирусот, најчесто се потребни 2-3 месеци за да се создадат антитела, кои можат да се утврдат со тестот. Антителата на вирусот ХИВ, во поголем број на случаи, се откриваат по 6 до 12 недели по инфицирањето со ХИВ вирусот, а за 6 месеци се откриваат кај 95% од заразените лица.

Можно е, лицето да е инфицирано (да го има вирусот во организмот) пред да тестот на крвта го покаже тоа.

Како да се превенира ХИВ инфекција?

Како превенција на ХИВ инфекцијата е практикување на безбеден секс со правилна употреба на кондоми. Тоа го минимизира ризикот од ХИВ инфекција преку сексуален однос. Не секој сексуален однос е со подеднаков ризик за ХИВ инфекција. Така, аналниот секс се смета за високо ризичен, вагиналниот секс носи ризици за пренесување на ХИВ преку семената течност или гениталниот флуид, додека оралниот секс е ризичен бидејќи ХИВ може да премине од вагиналниот флуид или семената течност во устата во која можеби има рагади или ранички.

Затоа, секогаш внимавајте на мерките на безбедност при сексуалниот контакт.

Никогаш немојте да користите заеднички игли или прибор за инјектирање. За намалување на ризикот од инфекција преку инфицирана крв неопходно е користење на игли и шприцеви за еднократна употреба или доколку тоа не е можно потребна е нивна правилна стерилизација. Ова се однесува на секоја опрема со која поради било која причина се нарушува интакноста на кожата (бушење уши, тетовирање, акупунктурни игли, инравенска употреба на дрога и др.).

Треба да се внимава на пример ако некој крвари или со манипулацијата со медицинскиот отпад (игли).

Би те интересирало и

Се’ за храна: 5 навики кои ќе ви го подобрат здравјето

Општо е познато дека лошите навики и неквалитетниот животен стил може да предизвикаат хринични воспаленија, ...

Се’ за храна: 4 здравствени придобивки од јачменовата трева кои досега можеби не сте ги знаеле

Кој би рекол дека јачменовата трева која е многу лесно да се одгледа во саксија ...