Денеска и до 20 степени, викендов врнежи и пад на температурите

Времето во текотна денот ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од источен, односно североисточен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 14 степени целзиусови.

И утре ќе се задржи стабилно и топло време со услови за слаба утринска магла по одделни котлини. Во текот на ноќта кон сабота и во сабота преку нашето подрачје ќе помине влажен бран. кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и северните делови. Дневната температура значително ќе опадне во споредба со денешната, особено во недела, кога ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...