Денеска и утре Скопски цветен фестивал во Градски парк – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Денеска и утре Скопски цветен фестивал во Градски парк

Денеска и утре во Градскиот парк во Скопје  под мотото „Во боите на виножитото” се одржува петтиот Скопски цветен фестивал. Настанот е под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП “Паркови и зеленило”.

– Фестивалот ќе започне на 12 мај со цветно дефиле од фонтаната Лотосов цвет во 11 часот и во него ќе учествуваат деца од предучилишните установи и основните училишта, облечени „Во боите на виножитото”, кои ќе се движат низ 5 различни патеки во паркот, а дефилето ќе го пратат повеќе од 200 велосипедисти – велат организаторите.

Пред присутните во паркот на отварањето ќе настапат Арсихана Луци, Златните славејчиња, Диана Тахири и Драмското студио ОЏО, а потоа граѓаните ќе имаат можност да учествуваат во целодневни активности кои ги нуди програмата, да проследат шоу со магионичари, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика, да погледнат и учествуваат во најразновидни цветни перформанси,

Оваа година на манифестацијата ќе се претстават повеќе од 37 изложувачи- цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологијата.

 

 

Би те интересирало и

„Турандот“ на Мајските оперски вечери

Првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова ќе настапи во насловната улога на „Турандот“ која вечер од ...

Мултимедијална изложба на Гордана Винчиќ

„Лего со моето его“  е насловот на изложбата на Гордана Винчиќ, која вечерва од 20 ...