Денеска на затворена седница ќе се разгледува договорот за добрососедство со Бугарија

Членовите на собраниската Комисија за надворешна политика денеска во 10 часот, на затворена седница за јавноста, ќе го разгледуваат нацрт-договорот за добрососедство со  Бугарија. Се очекува пред собраниската комисија договорот да го презентира и брани премиерот Зоран Заев.

Пред четири дена министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров во интервју за агенцијата Ројтерс изјави дека Македонија и Бугарија го усогласиле текстот на договорот за добрососедство.

„Потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија ќе го зајакне нашиот кредибилитет, ќе покаже дека сме сериозни и дека сакаме да градиме пријателства во нашиот регион“, изјави за Ројтерс Димитров.

Засега не се откриваат деталите од постигнатиот договор, па ова денеска во Собранието ќе биде прво отворање на деталите од постигнатиот договор. По посетата на премиерот Зоран Заев на Софија, најавено е дека договорот би се потпишал на 1 или 2 Август, на заедничла прослава на Илинден на која ќе присуствува и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

На 9 јули, по дводневната средба меѓу делегациите на министерствата за надворешни работи на Бугарија и на Македонија во Софија соопштено е дека е „постигната основа за компромис за Договорот за добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија. Следната фаза е консултации и внатрешни процедури“. Делегациите на министерствата беа предводени од министрите Екатерина Захариева и Никола Димитров.

„Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, ќе биде  потпишан на три јазици, македонски, бугарски и на англиски јазик. Со тоа што бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе го стави својот потпис практично ќе значи признавање на македонскиот јазик. За отстранување на термини од учебниците ќе одлучуваат експерти, но сѐ треба да се разјасни дури откако договорот со Бугарија ќе биде потпишан“, рече премиерот Заев.

На 2 Август во Подгорица Македонија и Црна Гора се организатори на средбата на потпретседателот на САД Мајк Пенс со членките на Јадранската повелба, па можно е да има и поместување вооднос на потпишувањето на договорот со Бугарија.

Извор: МКД

Додади коментар

Би те интересирало и

Платформа за бесплатно сместување во Скопје за УЕФА Суперкупот

Огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје, но и во Македонија поради ...

Aпелација ги објави одлуките: Груевски не може да бега со лична карта

Апелациониот суд ги објави одлуките за одбивањето на мерките притвор за обвинетите во „Титаник“, меѓу ...

Close