Денеска одлука за укинување на летното и змиското сметање на времето – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Денеска одлука за укинување на летното и змиското сметање на времето

Пратениците на Европскиот парламент денеска ќе ја повикаат Европската комисија да предложи укинување на летното и зимското сметање на времето, а за резолуцијата ќе се гласа денеска на пладне.

Досегашната пракса во ЕУ е дека два пати годишно, на пролет и есен, стрелките на часовникот се поместуваат за еден час. Барањето за укинување на поместувањето на стрелките на часовникот е покренато поради се повеќе докази за негативното влијание на таа пракса.

Парламентарците кои се залагаат за укинување на досегашната пракса наведуваат дека истражувањата покажуваат дека една петтина од популацијата пати од здравствени проблеми поради менувањето на часот.

Освен негативното влијание на човековиот биоритам, поместувањето на стрелките на часовникот доведува и до поголем број на сообраќајни несреќи, повеќе пореметувања во семејствата, како и пад на продуктивноста на работните места. Во извештајот се додава и дека целта на промената на часовникот била да се заштеди енергија, но тоа никогаш не се постигнало.

Летното и зимското сметање на времето веќе се укинати во Русија, Турција, Белорусија и на Исланд.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Американските знамиња на половина копје во чест на загинатите во Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во ...

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД и другите западни земји кои ...