Денеска почнува процедурата за избор на нов јавен обвинител – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Денеска почнува процедурата за избор на нов јавен обвинител

На денешната седница Владата ќе достави предлог-заклучок до Собранието, по што ќе се објави оглас за нов јавен обвинител во „Службен весник“ и во најмалку два дневни весника. Рокот за пријавување е 15 дена, па потоа Советот на јавните обвинители на барање на Владата во рок од 15 дена доставува образложено мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите.

Ако Советот не даде мислење во рок од 15 дена, остануваат уште 15 дополнителни дена за мислење, по што, ако нема писмено известување, се смета дека мислењето е позитивно. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување јавен обвинител и може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.

Досега својата кандидатура јавно ја потврдија адвокатите Александар Тортевски, Звонко Давидовиќ, Александар Накови Сејфула Османи, адвокат од Тетово.

Условите за јавен обвинител се: да биде работоспособен државјанин на Република Македонија со општа здравствена способност, кој активно го владее македонскиот јазик, има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник со положен правосуден испит во Република Македонија, како и работно искуство од најмалку осум години по положениот правосуден испит, со потврдени резултати на правни работи, односно е редовен/вонреден универзитетски професор кој предава повеќе од десет години правен предмет од правосудната практика.

„Примарна цел на новиот јавен обвинител треба да бидат интересите на граѓаните, а обвинителот да биде личност со интегритет и углед и да ги почитува законот и Уставот“, изјави минатата недела Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата. Тој вели дека новиот државен јавен обвинител треба да им ја врати довербата на граѓаните во правосудните институции.

Извор: МКД

Би те интересирало и

Од март се укинува забраната за купување алкохол по 19 часот

Измените на Законот за трговија со кој треба да се укине ограничувањето за продажба на ...

Советот на Општина Прилеп ќе легализира и пренамени објект за Дневен центар за деца со церебрална парализа

Советот на Општина Прилеп на итна седма по ред, седница, во новиот состав ја усвои ...