Денеска почнува судењето за деветмина обвинети за нападот во Собранието

Во Основниот суд Скопје 1 денеска ќе почне судењето за деветмина обвинети за нападот од 27 април во Собранието на Република Македонија.

Обвинетите се товарат за кривичното дело „учество во толпа“. Двајца од нив ќе бидат донесени од притвор, а двајца од куќен притвор.

Триесетина насилници добија кривични пријави, меѓу нив двајца заработија кривични пријави за „обид за убиство“ на пратеникот Зијадин Села.

Најавени се ипротести пред судот во организацијата на здружението „Тврдокорни“ за да ги поддржат „браќата кои застанаа во одбрана на честа и достоинството на татковината“, се вели во нивниот повик.

Претседателот Ѓорге Иванов вчера во интервју за ТВ Канал 5 го повикаСобранието да ги амнестира обвинетите за случувањата во Собранието затоа што биле „заведени од толпата и од емоции“.

Превземено од: МКД

Додади коментар

Би те интересирало и

ЗАХАРИВ под сомение за 33.000 евра

Нема информации каде отидоа 25.000 евра наменети за граѓанските организации и 8.000 евра за социјални ...

МПЦ-ОА: По полувековно опстојување, се ближи времето за признавање на македонската црковна реалност

Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА во пресрет на централната прослава по повод 50-годишнината ...

Close