Денеска продолжува судењето за „Поткуп“

Денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи рочиштето за случајот „Поткуп“,во кој лидерот на СДСМ Зоран Заев е обвинет за барање и примање поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев.

Одбраната нз Заев на претходното рочиште побара изземање на обвинителот Златко Биковски со образложение дека тој бил дел од „злосторничкото здружување“ на власта и од политички причини сака да му наштети на Заев како шеф на опозицијата.

Во овој случај Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, кое Николов сакал да го приватизира.

Преземено од: МКД.мк

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...