Денеска сончево но за викендот умерено нестабилно

Времето во Македонија ќе биде релативно топло со мала облачност која во текот на денот ќе се проширува. Ќе дува умерен јужен ветер кој во западните делови повремено ќе засилува. Утринската температура се движи од минус два до три, а дневната ќе биде од 14 до 21 степен.

Во Скопје релативно топло со облачност која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен повремено засилен јужен ветер. Утринската температура се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во текот на ноќта и утре преку нашето подрачје ќе помине влажен и постуден бран кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови, каде локално се очекува да наврнат околу 15 литри на метар квадратен. Утре од север ќе се прошири повремено засилен северен ветер. Дневните температури за викендот ќе опаднат за шест до девет степени и в недела ќе бидат во интервал од шест до 12 степени.

Би те интересирало и

Во декември заедничка владина седница меѓу Албанија и Македонија во Подградец

Македонија и Албанија се земји со слични предизвици и меѓусебната соработка само ги потврдува пријателските ...

Ново судење за Сеад Кочан – ќе се изведуваат доказите

Во кривичниот суд денеска продолжува судењето за бизнисменот и сопственик на ТВ Нова, Сеад Кочан, ...