Денеска три претстави на МОТ

Денеска на програмата се три претстави на МОТ како и еден интердисциплинарен проект.

18.00 МКЦ
„Шумата на моето дрво“

Актерот Васил Зафирчев и музичарот Сашко Костов, со текстот на Сашо Димовски и низ режијата на Александар Ивановски, создаваат микрокосмос од сетилни сензации, низ кои се презентира поместениот, зачуден свет на една шума. Претставата ја создаваат, поточно, компонираат звуци, зборови, актерска игра со сите потенцијали. Претставата е како своевидна композиција на сѐ што во театарот било институционално маргинализирано, а креативниот тим го носи на пиедестал враќајќи нѐ кон ритуалните корени на театарот. Минимализмот на режијата е само водилката низ овој комплексен сетилен свет каков што ретко гледаме на македонските сцени.

20.00 Кино КУЛТУРА
“1 сиромашен и една 0“ е претстава со два слоја: додека изведувачите пред публиката изнeсуваат различни начини на распаѓање на работникот, публиката се вовлекува во процесот на преобразба: од популарниот медиум на филмот, до популистичкиот политички театар. Оваа претстава е во режија на Томислав Медак и драматургот и професор на Академијата за драмски уметности во Загреб, Горан Сергеј Присташ.

22.00 МОБ, мала сцена „Доктор Фауст“

Познатиот режисерски ракопис на Андраш Урбан – соголен, суров и сиров приказ на тематиката што ја презентира и текстот на Кристофер Марлоу – посветен на борбата на еден човек со неговите граници и потрагата по знаење, заедно со ансамблот на битолскиот театар, прават претстава што е важна за македонската театарска практика. Ова е претстава, која специфичната просторна естетика на режисерот ја пренесува како потенцијално поле за соочување на еден човек со себеси и своите и туѓи морални вертикали. Искрена, брутална, сурова, но истовремено длабоко човечка претстава, која публиката ја прави свој член во тимот и учесник во процесот, претстава што поставува и одговара на многу прашања што го мачат современиот човек.

12:00 Железничка зграда, Скопје – мултидисциплинарен проект „Кога зградите би зборуавале“

Би те интересирало и

Гостување на Искра Шукарова во Амстердам

Искра Шукарова е поканета од страна на театарската академија SNDO – School for New Dance ...

Полицијата во Берлин заплени 100 украдени предмети на Џон Ленон

Полицијата во Берлин заплени 100 украдени предмети што му припаѓале на Џон Ленон, меѓу кои ...