Денес облачно и посвежо време со врнежи од дожд

dozd

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд и појава на грмежи. Попладне врнежите ќе бидат пообилни во западните и северните делови. Ќе дува повремено умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од 11 до 23 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува повремено умрен ветер од јујжен правец.

Температурата ќе достигне до 19 степени.

Под влијание на влажен бран и во сабота времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и појава на грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни, во петок во западните и северните делови, а во сабота во јужните делови. Се очекува да наврнат над 30 л/м2, а локално и околу 50 л/м2. Во сабота дневната температура ќе биде значително под просекот за овој период од годината. Од недела се очекува стабилизирање со пораст на дневната температура. Услови за локален дожд ќе има во вторник.

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...