Денес патуваме за Дубаи – прв дел

image2013-1-7 11-13-44

Дубаи (дýбај – со акцент на у) е град во истоимениот емират – еден од седумте Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) кој се наоѓа на северниот дел од Арапскиот Полуостров (со излез на Персискиот Залив, т.е. Арапското Море).

Емиратите по големина :
– Abu Dhabi
– Dubai
– Sharjah
– Ajman
– Umm al-Quain
– Ras-al-Khaimah
– Fujairah

Иако Абу Даби е најголемиот емират во ОАЕ, Дубаи има најмногу жители – нешто повеќе од 2 милиони. Првите населеници се стационирале околу заливот Дубаи (иако го викаат creek) во средината на 19-ти век, каде денес се наоѓа стариот дел на градот.

Денес Дубаи е – во буквална смисла – Метрополитен, местото каде сите луди идеи на ботатите арапски шеици за град од иднината се остваруваат со полна пареа. Благодарение на приходите од нафтената индустрија, брзо станува град на бизнисот и културата; центар во кој истокот и западот се „мешаат“ како масло и вода. Бидејќи нафтата не е бесконечна, паметно инвестираат во туризам и недвижнини – вложуваат во постабилна иднина.

day01-2

Навистина е така, Дубаи е совршеното место да потрошите многу пари. Сѐ што е новоизградено се доплаќа – измислени се милион начини за (не толку евтина) забава, од десетици огромни трговски центри и највисокиот облакодер на светот до скокање со падобранец над новоизградените острови во форма на мапата на светот или на заокружена палма.

И сето тоа ќе звучеше прекрасно-блескаво, да не требаше некој и да го гради тоа за евтини пари со брзина на светлината, па така бевме сведоци на „модерно ропство“ каде Индијци, Пакистанци, Филипинци и други, се единствената физичка работна сила која ќе ја сретнете и кои работат деноноќно и за евтини пари… па како инаку Бурџ Калифа со нејзините 160(+46) ката ќе се изградеше само за 6 години?

Иако од една страна делуваат арогантно и како новопечени богаташи што се расфрлаат со пари, од друга страна имаат огромна почит кон арапската традиција и семејството. Семејството им е на прво место во секое време, секое место е прилагодено и за деца и не е воопшто чудно да видите дека се шетаат наоколу цели големи семејства. И тоа најчесто – мажи во бели наметки и жени во црни.

day02-14

Исто така сѐ е направено да не мора воопшто да се излегува од климатизирана просторија во пеколните летни температури, немаат услови за пешачење и за возење точак (а и така сѐ е огромно и не можеш да имаш осет за ориентација) – што е многу чудно, но од друга страна е разбирливо – кога поголемиот дел од годината надвор температурите воопшто не се за излегување надвор, нема потреба од инфраструктура.

Повеќе во следниот дел кој ќе биде објавен утре….

Додади коментар

Би те интересирало и

SpaceX ќе испрати двајца вселенски туристи на круг околу Месечината во 2018-та

Приватната американска вселенска компанија „SpaceX“ планира да испрати двајца туристи на лет околу Месечина во ...

Предности кои ги имате кога живеете во странство и не сакате да се вратите дома

Животот далеку од дома ве учи на многу нешта. Сепак, не е за сите. Потребно ...

Close