Денес сончево и многу топло, а температурите до 41 степен

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Во попладневните часови локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 34 до 41 степен. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и потопло. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Утре во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец кој ќе услови опаѓање на дневната температура најпрво во северните делови каде ќе има и услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд проследен со грмежи.

Во петок во текот на ноќта и во сабота времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено во источните и јужните делови. Трендот на намалување на температурата ќе продолжи и натаму така што во недела се очекува да опадне за 8 до 10 степени.

Додади коментар

Би те интересирало и

Платформа за бесплатно сместување во Скопје за УЕФА Суперкупот

Огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје, но и во Македонија поради ...

Aпелација ги објави одлуките: Груевски не може да бега со лична карта

Апелациониот суд ги објави одлуките за одбивањето на мерките притвор за обвинетите во „Титаник“, меѓу ...

Close