Денови на електронски медиуми во Хрватска: Канал 77 на дебати за предизвиците во медиумската инудстрија и потенцијалите на дигиталното радио – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Денови на електронски медиуми во Хрватска: Канал 77 на дебати за предизвиците во медиумската инудстрија и потенцијалите на дигиталното радио

Додека во Македонија се „крчкаат“ законски измени и се дискутира за  реформи во медиумската сфера, деновиве за ова прашање јавно се дебатира и во Хрватска. Претставници на медиуми, регулаторни и владини агенции од регионот ги кршат копјата околу темите кои ги засегаат во рамките на десеттото издание на Деновите на електронските медиуми. Меѓу стотиците учесници на јубилејното издание на овој настан, се и претставници на првото приватно национално радио во Македонија, Канал 77.

Додека во земјава се изготвуваат предлог законски решенија за медиумската сфера, прашањата за проблемите и предвизвиците во оваа индструја, се најдоа на заедничка маса меѓу претставници од регионот. Тим на Канал 77 е дел од Деновите на електронските медиуми. Попладнево, на овој настан кој почна вчера, а завршува утре, како тема се најде и дигиталното радио. Откако Хрватска започна со експерименталното емитување на дигиталната радио програма, познавачите денеска дискутираа за искуствата на другите земји, но и за потенцијалите на дигиталниот сигнал воопшто.

Раководителката на одделот за медиуми при Хрватското министерство за култура, Нивес Ѕвонариќ забележа на тоа што недостига Национална стратегија:

„Постоечкиот Закон за електронски медиуми препознава можност за издавање концесии за дигитално радио.  Она што не се знае е дали во текот на идната година ќе имаме измени во Законот или пак, ќе се носи целосно нов закон. Она за што сите треба да бидеме свесни е недостигот на Национална стратегија, што ќе има повеќегодишен оперативен план. Додека немаме ваква стратегија ќе имаме само попис на желби и ќе имаме проблем при спроведувањето во пракса. Ние го имаме тоа на ум и веќе ни се доставени некои забелешки и предлози. За тоа допрва ќе се води расправа“.

За дигиталното радио на Деновите на електронските медиуми се дискутира пет години наназад, но посетеноста никогаш не била толку голема како сега – истакна претседателот на Хрватското здружение на радио издавачи, Жељко Швенда.

„Дигиталното радио кога тогаш ќе заживее потполно. Она што ги мачи локалните радија е  што ќе се случи со подрачјето што го покриваат. Дали ќе има стратегија што ќе појасни дали ќе покриваат поголеми подрачја. Дигиталното радио ако не се имплементира во потполност, ќе има ист ефект како обичното, но тоа за радијата ќе значи по минимум еден нов вработен. Тоа е нова доба, но добро ќе биде со закон да се решат проблемите“, додаде Швенда.

Јубилејното издание на настанот кој почна вчера, а завршува утре, го организира Хрватското здружение на радио издавачи, Агенцијата за електронски медиуми и Националната асоцијација на хрватските телевизии.

Би те интересирало и

5 прашања за 5 Осмомартовски подароци

Радио Мрежа Канал 77 и годинава го реализираше Осмомартовскиот предизвик за сите дами со проектот ...

Видео-репортажа и галерија од карневалот „Ратевски бамбурци“

Кратка репортажа од традицијата и случувањата од десетото издание на малешевскиот карневал „Ратевски бамбурци“.