Ден на жалост во Делчево по трагедијата во која загина цело семејство

Општина Делчево го прогласи 11 -ти октомври за ден на жалост по трагедијата во која вчера загина тричлено семејство, пренесува Фокус.

Според полицијата, автомобилот на загинатите директно се судрил со камион натоварен со дрва.

„Во несреќата на лице место загинале триесет и двегодишниот ДД кој го управувал возилото, неговата пет години помлада сопруга и нивниот двегодишен син. Несреќата била пријавена во 15:40 часот, а се случила на магистралниот пат Кочани-Делчево кај месноста Лештаро“, информираше вчера портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Би те интересирало и

Случајот „Монструм“ се враќа на почеток

Предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година ќе биде вратен во ...

Маж се заканил дека ќе ја запали зградата на Општина Арачиново

Вчера попладне, во канцеларијата на градоначалникот на Општина Арачиново влегол маж и се заканил дека ...