ДеРозан стана играч со најмногу поени на еден меч во дресот на Торонто – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ДеРозан стана играч со најмногу поени на еден меч во дресот на Торонто

ДеМар ДеРозан постигна 52 поени за победа на Торонто од 131:127 во дуелот против Милвоки.

ДеМар ДеРозан беше незадржлив во дуелот против Милвоки. Ѕвездата на Торонто даде 52 поени и тоа беше доволно за победа на „рептилите“ од 131:127. Тој е само третиот играч во историјата на Торонто, кој успеал да ја надмине границата од 50 поени на еден меч. Претходно тоа им успеало само уште на Винс Картер и теренс Рос, но двајцата имаат застанато на бројката од 51 поени. Тоа значи дека ДеРозан постави нов клупски рекорд по бројот на дадени поени на еден меч.

Торонто со оваа победа ја продолжи низата на одлични резултати на свој терен. Тимот има 14 победи од 15 средби на свој терен, што го прави убедливо најдобар кога се работи за мечевите пред домашна публика, сезонава.

Бруклин се намачи, но на крајот со 98:95 го победи Орландо, во дуел на две екипи кои се меѓу најслабите во лигата.

Резултати: Бруклин – Орландо 98:95, Торонто – Милвоки 131:127, Чикаго – Портланд 120:124, Минесота – ЛА Лејкерс 114:96.

Би те интересирало и

Младите македонски кошаркари на силен турнир во Истанбул

Младите кошаркарски селекции на Македонија до 15 и до 16 години пристигнаа во Истанбул каде ...

Казни во Химки, од играчи до хигиеничарки

Раководството на рускиот кошаркарски клуб Химки одлучи со половина плата да ги казни буквално сите ...