Десет сообраќајки во Скопје, две лица потешко повредени

Десет сообраќајни несреќи се случиле изминатото деноноќие во Скопје, а во две од нив две лица биле потешко повредени. Во други две сообраќајки полесно биле повредени две лица, а во останатите шест е причинета само материјална штета.

-Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Од сообраќај биле исклучени четири лица кои го управувале возилото под дејство на алкохол, осум лица го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и осум лица го управувале возилото со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани биле и четворица возачи кои поминале на крстосница на црвено светло. Затекнати биле 58 непрописно паркирани возила – соопшти МВР.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 70 возила.

Би те интересирало и

НДМ: Знае ли МВР дека со криење на запленетата дрога во дискотека им прави штета на младите

Народно движење за Македонија преку соопштение испратено до јавноста ги поздрави актуелните акциски контроли на ...

Опожарен угостителски објект во Жеровјане

Опожарен е дел од ноќен клуб лоциран во село Жеровјане. Пожарот избувнал вчера околу 6 ...