Детски мјузикл „Градот моли: Ме угушивте, ме боли!“

Детскиот мјузикл „Градот моли: Ме угушивте, ме боли!“ вечерва ќе биде изведен во кино „Култура“.

Организатор на претставата е Заедницата на еко активисти „Скопје Смог Аларм“, во изведба на Едукативно-креативниот центар за деца и млади „Колектив Ветерница“.

– Оваа претстава, која е наменета за децата и во изведба токму на најмладите, е со цел на креативен начин да го долови деценискиот проблем на Град Скопје – аерозагадувањето кое е алармантно и застрашувачко во поглед на смртност заради загадување со ПМ честички и други отровни супстанци, соопшти организаторот.

Би те интересирало и

Гостување на Искра Шукарова во Амстердам

Искра Шукарова е поканета од страна на театарската академија SNDO – School for New Dance ...

Полицијата во Берлин заплени 100 украдени предмети на Џон Ленон

Полицијата во Берлин заплени 100 украдени предмети што му припаѓале на Џон Ленон, меѓу кои ...