Дефанзивни главоболки за Мурињо во пресрет на Суперкупот во Скопје

Жозе Мурињо покрај Баи кој исто така е суспендиран, нема да може да смета на уште еден централен дефанзивец, УЕФА му врачи два меча суспензија и на Фил Џонс – пренесува порталот 24 Фудбал.

Фил Џонс ќе го пропушти натпреварот од Суперкупот во Скопје, како и првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, дополнително ќе биде казнет и со 5.000 евра. Тој е суспендиран поради прекршување на допинг правилата на УЕФА, Џонс вербално навредувал допинг контролор откако било побарано од него да биде тестиран по финалниот меч од Лига Европа во Стокхолм.

Парична казна заработи и Блинд, но тој нема да биде суспендиран. Од Блинд исто така било побарано да направи допинг тест, но тој сакал да слави со соиграчите и не се појавил веднаш на тестирањето.

Претходно УЕФА го суспендираше Ерик Баи со два меча поради исклучувањето на дуелот со Селта во Лига Европа.

Баи и Џонс нема да бидат во комбинација за Суперкупот против Реал Мадрид, ниту Маркос Рохо кој е повреден.

Се очекува Крис Смолинг и Виктор Линделоф да бидат централните дефанзивци за Манчестер јунајтед на „Филип Втори“ Арената, а Блинд и Валенсија да оперираат по бековските позиции.

 

Извор: www.24fudbal.com.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Ставрев на центарот на македонското „Ел Класико“ во Битола

Најдобриот македонски судија, Александар Ставрев, ќе ја дели правдата на дерби-дуелот од 7. коло во ...

УЕФА на Белгија може да и’ ја одземе организацијата на ЕП 2020

Белгиската фудбалска федерација може да ја загуби организацијата на ЕУРО 2020, откако изградбата на новиот ...

Close