Децата од домот „11 Октомври“ наградени за најдобар филм во Италија

Станува збор за филмот „Два света“, краткометражен филм, кој децата го снимија со своите воспитувачки на дадената тема „Здрава љубов – болна љубов“. Го прикажува животот на едно девојче во домот за деца без родители и животот на друго девојче во сопствен дом со своето семејство.

донација од училиштето Хелен Дорон за домот 11 октомври

Домот за деца без родители „11 Октомври“ е добитник на првата награда за најдобар филм во Бари, Италија, на регионалниот фестивал за филм и детски цртежи Bene – Male.

Станува збор за филмот „Два света“, краткометражен филм, кој децата го снимија со своите воспитувачки на дадената тема од организаторите „Здрава љубов – болна љубов“. Го прикажува животот на едно девојче во домот за деца без родители и животот на друго девојче во сопствен дом со своето семејство.

Премногу сме горди и среќни за успехот на филмот на нашите дечиња. Фестивалот традиционално се одржува секоја година во Италија и е посветен на децата, нивниот развој, детството. Се претставивме со филмот „Два света“, кој ни донесе голем успех и признание, изјави  директорката на „11 Октомври“, Ристенка Атанасова.

Покрај учеството во филмскиот дел на фестивалот, беа претставени и цртежи од децата, а претставниците од Домот учествуваа и во трибина на тема семејно насилство.

Превземено од: Телеграф

Додади коментар

Би те интересирало и

Се очекува летово да се пушти во употреба новиот водовод во Тетово, кој се гради повеќе од една деценија

При крај е изградбата на филтер станицата од новиот тетовски водовод, кој според одговорните од ...

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп.Првите чекори во планинарењето на Ване ...

Close