Деца пронашле бомба „кашикара“ во Вардар – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Деца пронашле бомба „кашикара“ во Вардар

Бомба „кашикара“ од Втората светска војна е пронајдена во водите на реката Вардар во село Мало Турчане.

Според информациите на МВР, вчера, во 8 и 15 часот, во полициската станица во Гостивар, Г.А. (53) пријавил дека во село Мало Турчане, во близина на неговата куќа, во реката Вардар од страна на две деца била пронајдена рачна бомба, која ја извадиле од реката и ја оставиле на тревна површина.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Тетово излегол на местото и констатирал дека се работи за стара неексплодирана рачна бомба „кашикара“, која потекнува од Втората светска војна.

Бомбата била подигната од местото за понатамошна постапка.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Столтенберг: Решавањето на проблемот со името клучно за членството во НАТО

По обраќањето во Собранието и неколкуте средби со министри и политички лидери, генералниот секретар на ...

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...