Дивата депонија во Тетово се уште се пали.

 

Тетовската дива депонија каде комуналното претпријатие го претовара сметот и натаму се пали. Облачи од чад кои доаѓаат до депонијата го покираат дел од градот.

Од еколошкото здружение Еко Герила, велат дека ѓубрето се пали затоа што локацијата каде се претовата и одлага сметот е отворена без никакви стандарди. Претседателот на Еко Герила Аријанит Џафери, апелира властите штo поскоро да го решат проблемот, за да не дојде до поголема зараза.

Од Еко Герила во петок ќе имаат средби со претседателот на владата Зоран Заев. Од него ќе побараме помош за решавање на проблемот со дивата депонија во Тетово и ако е можно ќе инсистираме централната власт да ги преземе ингеренции околу управувањето со сметот во Тетово, рече Аријанит.

Местото каде што се наоѓа дивата депонија, Тетовското комунално претпријате го користи за претовар на сметот. Од Општина Тетово, неколку пати ветиле дека депонијата ќе ја исчистат, а ѓубрето ќе го претовараат надвор од градот во посебни затворени објекти. Но ветувањата се уште не се остварени. Ѓубрето се одлага на отворено, на само десетина метри од домови, детска градинка и погони за производство на храна.

Би те интересирало и

„Мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор во Македонија“, книга на Лилјана Поповска

Недоволната поддршка од институциите го ограничува влијанието на мултикултурното поврзување во граѓанскиот сектор. Ова, во ...

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...