ДИК ги потврди кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ДИК ги потврди кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ

sredba-orav-bejli-1024x613 (1) (1)

Државната изборна комисија на денешната седница ги потврди кандидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори на 5 јуни, поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа за изборните единици 1, 2, 3 4, 5, 6 и седмата изборна единица.

Според членовите на комисијата, листите не содржат неправилности.  На седницата не присуствуваа членовите предложени од опозициската СДСМ Виолета Дума и Игор Милев.

Во однос на кандидатските листи поднесени од страна на НДМ на Јанко Бачев за шест изборни единици и на СДПМ на Бранко Јаневски констатирани се различни неправилности. ДИК ги повика нивните овластени претставници Гоце Дечев Тодев и Лилјана Ивановска во рок од 48 часа да ги отстранат неправилностите.

Кандидатски листи за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 5 јуни во законски предвидениот рок не поднесоа СДСМ, ДУИ и ДПА.

Би те интересирало и

Јовески бара партиите да не се мешаат во јавно-обвинителската работа

Неселективно, непристрасно, професионално и врз основа на законот се постапува во случајот за смртта на ...

ВМРО-ДПМНЕ: „Животот дојде ама не за сите“

ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кавадарци на прес обвинува за мобинг врз нивните членови од ...