ДИК: Граѓаните можат да гласаат само со важечка лична карта или патна исправа

Граѓаните кои се запишани во Избирачкиот список, а на кои рокот на важност на документот за лична идентификација им истекува помеѓу двата изборни круга на Локалните избори 2017 година, во вториот изборен круг што ќе се одржи на 29 октомври, можат да гласаат единствено со важечка лична карта или патна исправа, информираат од Државната изборна комисија.

Граѓаните, како што посочуваат од ДИК, кои сакаат да го остварат своето избирачко право во вториот изборен круг за избор на градоначалник на општината, треба веднаш да извадат нова лична карта или патна исправа.

 

Преземено од: А1он

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...