ДИК дефинитивни резултати за пратеници ќе објави доцна попладнево, ги прегледува записниците – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ДИК дефинитивни резултати за пратеници ќе објави доцна попладнево, ги прегледува записниците

dik-670x447-47043-68631-1

Членовите на Државната изборна комисија сакаат детално да ги прегледаат записниците од сите општински изборни комисии и дури потоа ќе излезат во јавноста со конечните резултати од предвремените парламентарни избори, Љупка Гугучевска, портпаролка на ДИК.

-Бидејќи мала е разликата, членовите на ДИК овојпат сакаат детално да ги прегледаат изборните материјали, записниците од сите општински изборни комисии. Членовите на ДИК всушност сега првпат ги прегледуваат записниците, па дури потоа ќе ја соопштат информацијата за освоените пратенички мандати за новиот собраниски состав, вели Гугучевска.

Би те интересирало и

Одбраната со повеќе забелешки за вештакот и за повредите на Села

Адвокатите на обвинетите на продолжението од денешното судско рочиште за нападот врз пратеникот, Зијадин Села ...

РСБСП: Над 60 отсто од возачите користат мобилен додека возат

Употребата на мобилен телефон додека возачот управува моторно возило станува причина број еден за одвлекување ...