ДИК за локалните избори ќе врати 30.000 спорни гласачи на списокот

Спорните гласачи што беа избришани од избирачкиот список за предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември минатата година, повторно ќе ги има на избирачкиот список за локалните избори кои треба да се одржат во мај годинава, потврдија од ДИК за „Мета“.

За предвремените парламентарни избори, спорни беа вкупно 30.447 записи за гласачи, кои по вкрстените и теренските проверки не можеа да се пронајдат дека постојат.

Од ДИК за „Мета“ велат дека овие повеќе од 30.000 гласачи ќе бидат вратени на избирачкиот список затоа што така предвидуваат одредбите од Изборниот законик.

– Одредбите од Изборниот законик изгласани во 2016 година, важеа само за предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември, а по конечните резултати, овие одредби се ништовни. Овие 30.000 гласачи повторно ќе ги има на списокот ако ги исполнуваат законските услови, а тоа е, пред сè, да бидат живи, да имаат лична карта и да имаат деловна способност – вели за „Мета“ Љупка Гугучевска, портпаролка на ДИК.

Преземено од: Мета

Додади коментар

Би те интересирало и

Сметот од тетовската дива депонија се носи само во скопската депонија Дрисла

Жителите од гостиварските села, кои го блокираат патот кон регионалната депонија Русино велат дека и ...

Централниот регистар ја уплатил ланската добивка на сметка на АД „Бетон“

Добивката која Централниот регистар ја остварил за 2016 година била уплатена на сметката на градежната ...

Close