Димитров во работна посета на Естонија, Латвија и Литванија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, од денеска до петок, ќе престојува во работна посета на балтичките земји.

Регионалната турнеја ќе започне во Република Естонија, актуелниот претседавач со Советот на ЕУ, ќе продолжи во Република Латвија, а ќе заврши со работна посета на Република Литванија.

Во рамките на посетата Министерот на своите балтички колеги ќе им ги претстави досега преземените конкретни чекори од страна на Владата на Република Македонија за поттикнување на евроатланските интегративни процеси на земјата, преку Акцискиот план 3-6-9, како и за степенот на реализацијата на преземените реформи.

Министерот Димитров ќе се осврне и нa најновите надворешно-политички активности на земјата во контекст на продлабочување на регионалната соработка и градењето добрососедски односи за изнаоѓање одговор на актуелните глобални безбедносни предизвици и регионалната економска соработка.

Се очекува на средбите да бидат разменети мислења и идеи околу понатамошно интензивирање на политичкиот дијалог и унапредување на билатералните односи преку соработка  во области од заемен интерес.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...