Димков: Со ребалансот настрадаа важните проекти за Штип

Браната на Козјачка река е еден од проектите, колатералните штети за Штип од ребалансот на Буџетот на РМ.

Фото: Daily.mk

Со буџетските скратувања, освен проект, настрадаа и предвидени зафати во образозванието, пред се’ планираните реконструкции на училиштата, рече денеска на прес конференција, претседателот на штипскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и пратеник Трајче Димков. -Браната на Козјачка река е многу важна инвестиција, за којашто има проект и требаше да се гради, но е стопирана и тука се намалени тие средства и за многу , многу други проекти. Ние само порачуваме, дека она што е почнато, треба да продолжи да се реализира, а ако тие имаат нешто ново што можат да го понудат, нека понудат, во интерес на граѓаните, рече Димков, кој ова го оцени како „чист реваншизам преку грбот на граѓаните“. На новинарско прашање, Димков немаше прецизен одговор дали е стопирана изградбата на Клиничката болница во Штип, но, како што рече, овој проект власта не може да го стопира, бидејќи е во тек. Според него, апсурдно е да се стопираат тендерирани проекти, како што е патот Штип – Миладиновци. -Тоа ќе направи голема штета, бидејќи бев сведок 2000 – 2002 година, кога дојде СДСМ на власт, кога ја стопира изградбата на салата „Јордан Мијалков“ и требаше години за да се изгради. Тоа не оди на никој во прилог. Се надевам научија нешто од минатото, изјави Димков. Прашан за директорските смени, претседателот на ВМРО ДПМНЕ во Штип кажа дека дел од овие промени се незаконски. Како пример го посочи и назначувањето на државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, за чие место требало да биде од редот на воработените во ова министерство. За тоа кои од штипските членови на партијата се во групата на тнр. „реформатори’ , кои вечерва во Штип имаат дебата, Димков кратко изјави дека не знае точно, иако слушнал за одржувањето на настанот.

Би те интересирало и

За една година СВР Тетово има дарувано двесте единици крв

Секторот за внатрешни работи Тетово, успешно ја организираше последната крводарителна акција планирана за годинава. Вработените ...

Љубе Бошковски: Во Македонија мора да се врати критичката свест

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски вчера во Прилеп присуствуваше на отворањето на нови ...