Директорот на АЕК преку Агенцијата донирал пари на Федерација каде што тој е претседател

Директорот на АЕК, Сашо Димитријовски, делел донации на Велосипедската федерација, на која тој е претседател.

Ова е само дел од мониторингот на четирите невладини Евротинк, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншки комитет за човекови права. Во мониторингот тие објавија дека од вкупно 180 милиони денари донации, Агенцијата дала 175 милиони на ЈСП, за изградба на Панорамското тркало.

На листата „наградени“ од АЕК, се најде и Македонската радио телевизија, Општина Гази Баба, и Зоолошката градина.

АЕК ниту наградените немаат никаков извештај за што се добиени тие пари и како се потрошени.

Според политикологот Аргтим Салиу, органите како АЕК се непрофитни и не смеат да ги даваат парите на донации, кои се дел од буџетот што им е непотрошен.

Би те интересирало и

Обвинетите за грабежот во „Тутунска банка” признаваат вина, но не откриваат каде се парите

На денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 Скопје во врска со грабежот во Тутунска ...

Серија земјотреси во Пехчево, Берово и околината

Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пехчево – Кресна се регистрирани денеска во ...