Директорот на нефрологија на распит пред јавен обвинител

Директорот на Клиниката за нефрологија Александар Чапароски, е изведен пред јавен обвинител, кој треба да одлучи дали ќе побара да му се одреди мерката притвор.

Од Основното јавно обвинителство информираат дека по извршениот распит ќе следуваат повеќе детали за вчерашната акција на МВР.

Чапаровски беше уапсен по пријава од родител на малолетно дете на кого директорот му барал илјада евра за издавање на потврда со која детето требало да замине на лекување во странство.

-Постапувајќи по пријава од граѓанин, а врз основа на издадена наредба од Основното јавно обвинителство Скопје, како и обезбедени материјални докази дека е извршено кривично дело „примање поткуп“, го лиши слобода лицето А.Ч. (57), директор на Клиниката за неврохирургија во Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“. Во тек е претрес  во службените простории на Клиниката со цел обезбедување дополнителни докази за стореното кривично дело. А.Ч. е задржан во полициска станица и по завршување на истражните постапки со кривична пријава ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство Скопје, стои во официјалната информација на МВР.

Додади коментар

Би те интересирало и

Струшката депонија повторно гори

Откако минатата недела депонијата во Струга беше покриена со земја и песок со цел да ...

Хан: Сите одговорни актери да се сконцентрираат на задачите што претстојат

После сите настани што ги посведочив во оваа земја, драго ми е што можам да ...

Close