Добредојде за Жозе Мурињо во Манчестер – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Добредојде за Жозе Мурињо во Манчестер

мурињо

Португалскиот тренер, Жозе Мурињо и официјално е нов менаџер на Манчестер Јунајтед. Тој попишал договор со опција да остане во клубот најмалку до 2020 година.

„Специјалниот“ како што го нарекуваат Мурињо, остана без работа лани во декември, откако доби отказ во Челзи.

„Тоа што станав менаџер на Манчестер Јунајтед за мене претставува посебна чест. Отсекогаш имав симпатии кон Олд Трафорд. Таму сум доживеал многу убави моменти, а имам и посебна почит кон навивачите на клубот“, изјави Мурињо на претставувањето.

„Жозе е најдобриот менаџер во фудбалот денес. Тој освојуваше трофеи и инспирираше играчи во повеќе држави во Европа, и се разбира многу добро ја знае Премиерлигата, освои три титули тука“ – изјави извршниот директор на Јунајтед, Ед Вудворд.

Би те интересирало и

Барселона кажа „да“, Рафиња се сели во Интер

Раководството на Интер веќе неколку дена беше во интензивни преговори со Барселона за трансфер на ...

Откриени тајни документи: Барса на Нејмар заработила само 17 милиони евра

Барселона за продажбата на Нејмар заработила помалку од она што јавноста го мисли. Имено, Барселона ...