Доживотните затворски казни на осудените во „Монструм“ пред Врховниот суд

Врховниот суд за денеска ја закажа јавната седница на која треба да бидат разгледани жалбите на шестемина осудени на доживотни затворски казни во случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро. Седницата, ќе биде јавна, а ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд.

Судот на претходното рочиште прифати да ги побара и да ги земе во предвид доказите на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, кои на прес-конференција истакнаа дека водат предистражна постапка за случајот „Монструм“.

Седницата е закажана откако одбраната пред повеќе од една година ја обжали пресудата на Кривичниот и на Апелациониот суд. Масакрот кај Смилковското езеро се случи на 12 април 2012 година кога беа убиени четирите момчиња: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски и рибарот Борче Цветковски.

Кривичниот суд во 2014 година ги осуди шестмината обвинети на доживотни казни затвор, а двајца од осудените, кои се осудени како директни извршители на убиствата, сè уште се на Косово и не се екстрадирани во Македонија.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...