Доларот зајакнува на Светските берзи

Курсот на еврото во однос на американската валута се лизна минатата седмица за 0,4 отсто, на 1,0570 долари, а во ден момент, првпат по чест недели, потоа и под нивото од 1,05 долари.

Во однос на јапонската валута, пак, цената на доларот минатата седмица падна за 0,7 отсто, на 112,10 јени, а во еден момент првпат во две седмици се симна и под 112 јени.

И покрај подот во однос на јенот, индексот на доларот, која ја покажува вредноста на американската валута во однос на шеста најважни светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, минатата седмица скокна за 0,1 отсто, на околу 101,10 поени.

Јакнењето на доларот кон кошницата валути, меѓу другото, е и последица од слабеењето на еврото кое е под неизвесности пред претседателските избори во Франција, кој се одржуваат во втората половина на април, а во анкетите води Марин Лепен, лидерка на крајната десница која најавува излегување од еврозоната и враќање на националанта валута – францускиот франк, па дури и можно напуштање на Европската унија.

Вложувачите се внимателни и поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во кој Кина ја нарече голем шампион на валутните манипулации. Тоа, како и претходните негови изјави за воведувањето царини на производи увезени од Кина, сигурно не оди во прилог на трговските односи меѓу двете најголеми светски економии.

Вниманиетона вложувачите гои привлекоа и пораките на министерот за финансии на САД, Стивен Мначин, кој реле дека сите мерки кои новата влада ќе ги преземе веројатно нема да имаат поголемо влијание оваа година, иако посакува даночната реформа да биде усвоена пред август.

Рече, исто така, дека во долгорочна перспектива силниот долар е „добра работа“.

„Мислам дека коментарите на министерот за пазарите општо земено се неутрални. Тока сега алудираше на долгорочните изгледи за доларот, а неодамна сигнализираше дека краткорочно пресилниот долар би можел да има негативни последици“, вели за Reuters Масаши Мурата, валутен аналитичар во „Brown Brothers Harriman“.

Во фокусот на инвеститорите кон половината на седмицата беше и записникот од седницата на американската централна банка Federal Reserve (Fed), кој аналитичарите различно го толкуваа.

Записникот покажа дека многу челници на Fed сметаат согласно наскоро да се подигнат каматните стапки, но и дека многумина гледаат само скромен ризик од јакнењето на инфлацијата, и оти Fed најверојатно ќе има доста време да реагира во случај на јакнењето на притисокот на растот на цените.

„Се чини дека има два спротиставени табора, кога станува збор за толкувањето на записникот од седницата на Fed. Едниот чита сигнали во насока на заострување, а другиот во насока на попуштање на монетарната политика, а изгледа дека и овој вториот засега победил“, вели Бил Нортни, главен инвестициски стратег во „U.S. Bank“.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Царовска:ММФ не бара зголемување на старосната граница за пензионирање

Владата се зазема сериозно за стабилизација на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување и веднаш ...

Договорите за јавни набавки од декември стануваат достапни на јавноста

Договорите за јавните набавки од следниот месец ќе и бидат достапни на јавноста. Договорниот орган ...