Домашен сладолед од лубеница

 

Во екот на летната сезона, кога лубениците се исклучително актуелно овошје, не ја пропуштајте можноста сами да направите сладолед со лубеница како главна состојка. Се прави брзо, а посебно освежува.

За смесата ви е потребно лубеница и мента. Откако лубеницата ќе ја исчистите од семки, ставете ја во блендер. Во меѓувреме свежите листови мента протријте ги меѓу прстите за убаво да ја испуштат целата арома, па исечкајте ги на ситно и додадете ги во лубеницата.

Во ваквата комбинација можете да додадете и сок од еден лимон за киселкаст вкус на сладоледот. Откако смесата е целосна, распоредете ја во калапи за сладолед, или пак во пластична кутија и ставете ја во замрзнувачот во текот на следните неколку часа.

 

Би те интересирало и

Ченинг Тејтум ја раскина соработката со Вајнстин

Ченинг Тејтум ги прекинува своите бизнис односи со продукциската компанија „Вајнстин Ко.“ и со Харви ...

Полицијата во британски Глостшир им го забранува уличниот фудбал на децата

Полицијата во британскиот округ Глостшир ги повика граѓаните да пријават доколку забележат деца како играат ...