„Дона“ не обезбеди пласман во финалето: Калиопи се враќа дома (Видео)

kaliopiii

Нашата  поп дива Калиопи не обезбеди пласман во финалето на годинашното 61. издание на Евровизија што се одржува во Стокхолм, Шведска. Таа настапи како осма во втората полуфинална вечер што се одржа вчера, но не влезе меѓу десетте кои изборија пласман во финалето.

Калиопи се претстави со песната „Дона“ – композиција на Ромео Грил. Инаку, ова беше вторпат Калиопи да ја претставува Македонија на Евровизија откако во 2012-та година со песната „Црно и бело“ успеа да се пласира во финалето.

Финалето ќе се одржи в сабота, а покрај „големата петорка“ ќе настапат и најдобрите 20 претставници од двете полуфинални вечери. Од првата полуфинална вечер пласман во финалето изборија претставниците на Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта, а од втората полуфинална вечер се пласираа Летонија, Грузија, Бугарија, Австралија, Украина, Србија, Полска, Израел, Литванија и Белгија.

Би те интересирало и

Најдобрите германски филмски остварувања и годинава пред штипјани

Фестивалот на новиот германски филм, во Штип ќе го означи почетокот на последната недела од ...

Светска премиера во Пекинг на композиција од Дарија Андовска

Во рамките на China CEEC Cultural Season- Music Dialog and Cooperation 2017, на 13 октомври, ...