До петок сончево, од сабота дожд и пониски температури

Во среда, во Македонија, ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб, а во источните делови умерен северозападен ветер.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 16 до 26 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со максимална дневна температура до 24 степени.

До петок ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Во петок во вечерните часови ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови ќе има локален дожд.

Во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата на воздухот.

Во недела ќе се задржи ветровито и студено, претпладне со локален дожд. Од сабота попладне ќе има услови на повисоките планини врнежите да бидат од снег. ухмр

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...