До 31 август аплицирање за субвенции за оризова арпа – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

До 31 август аплицирање за субвенции за оризова арпа

orizova arpa

Рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведена и продадена оризова арпа е во тек и ќе трае до 31 август 2016 година. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои произвеле оризова арпа од реколтата 2015 година и ја предале во регистрирани откупни претпријатија од 1 јули до 31 јули 2016.

Висината на директните плаќања е пет денари по килограм за пријавена површина со ориз до два хектара, четири денари по килограм за пријавена површина со ориз од два до 10 хектари и три денари по килограм за пријавена површина со ориз над 10 хектари.

При пресметка на финансиската поддршка се земаат предвид количините кои не надминуваат 5,5 тони по хектар.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со доставување потврда за предадена оризова арпа која ја издава откупното претпријатие.

Би те интересирало и

Рационално наводнување против влијанието на климатските промени во земјоделството

Сè почести се предупредувањата за влијанието на климатските промени во земјоделството. Експертите предлагаат примена на ...

Кочо Анѓушев: Процесот на продажба на ЕДС ќе биде транспарентен

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека продажбата на неговата ...