ДПА и официјално во владата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ДПА и официјално во владата

ДПА на централно собрание одлучи да биде дел од владата на Зоран Заев, кој најави нејзина реконструкција.

Партијата на Мендух Тачи ќе  го добие министерското место без ресор за странски инвестиции и заменик министер за транспорт и врски.

 

Министер без ресор за странски инвестиции од редовите на ДПА ќе биде Бардиљ Даути, поранешен пратеник и кандидат за градоначалник на Тетово.

Заменик министер за транспорт и врски ќе биде инжинерот, Митасин Бекири.

За другите ешалони во власта кои треба да ги добие ДПА допрва ќе се одлучува – истакнаа од партијата по завршувањето на денешното централно собрание, кое траеше околу два часа.

Лидерот на партијата Мендух Тачи, рече дека прифатиле да бидат дел од владата, затоа што премиерот Зоран Заев им понудил конструктивен и коректен предлог за влез во централната власт.

Заменик министерското место за транспорт  го има Мехмет Ремзи од Алијансата за Албанците, кој наскоро ќе биде сменет од Митасин Бекири, а министерското место  со кое  отсега ќе раководи Даути од ДПА, претходно го водеше Рамиз Мерко од ДУИ, кој се откажа од оваа функција, откако стана градоначалник на Струга.

Зоран Димовски

Би те интересирало и

Промовирана Стратегијата за образование: Целосна реформација на образовниот систем до 2025 година

Целосно реформирање на македонскиот образовен систем во следните седум години – ова е целта на ...

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...