ДПМ: Да се преиспитаат содржините на лектирите во образовната програма

Друштвото на писателите на Македонија соопшти дека на претстојното редовно годишно собрание, закажано за 22 јуни, ќе покрене иницијатива за преиспитување на содржините на лектирата за основно и за средно образование.


– ДПМ оценува дека содржините на лектирата што им се нуди на учениците во голем дел е застоена и не кореспондира со вистинските вредности во делот на класичната литература, но и со новите трендови во домашната и светската книжевност. ДПМ ќе побара од министерствата за култура и за образование и наука да ги употребат своите механизми, со учество на независни експерти од областа на книжевната наука и образованието, за прочистување на лектирата според естетските параметри и реалните очекувања од современиот образовен систем, како и ослободување на изборот на авторите и делата од какви било идеолошки и други нелитерарни мотиви, соопшти ДПМ.

Писателската асоцијација наведува дека е подготвена да учествува во сите фази од реализирање на иницијативата и очекува таа да придонесе за афирмација и доближување на вистинските вредности на литературата до младите читатели.

Извор: Макфкас

Додади коментар

Би те интересирало и

Почна 38. издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“

Под мотото „Допри ја светлината“ и со македонската премиера на краткиот филм „Крајот на времето“ ...

Почнува десеттото јубилејно издание на Викенд медиа фестивал во Ровињ!

На само еден ден пред доаѓањето на есента, почнува десеттото издание на Викенд медиа фестивал ...

Close