Драма во Митровица, ЕУ повикува на смирување на состојбата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Драма во Митровица, ЕУ повикува на смирување на состојбата

Специјалните сили на косовската полиција синоќа упаднаа на тркалезна маса организирана од локалните Срби во Митровица и го уапсија српскиот министер Марко Ѓуриќ.

Настанот предизвика големи тензии меѓу Белград и Приштина.
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини во текот на ноќта се обидувала да ги смири зовриените страсти меѓу Белград и Приштина по апсењето на Ѓуриќ. Косовската полиција упадна на настанот во Митровица употребувајќи шок-бомби и солзавец, за да го уапси српскиот министер надлежен за Косово и Метохија. Откако беше приведен, Ѓуриќ со лисици на рацете, пред камери, беше спроведен во суд за прекршоци во Приштина. Доцна вечерта тој беше депортиран назад во Србија.

ЕУ остро ги осуди случувањата во Косово, и ги повика властите во двете држави „да покажат воздржаност и сериозност за да не ескалира состојбата“.

Повеќе во видеото:

По одржаната седница на Советот за безбедност во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ се закани дека неговата земја ќе одговори со сите можни политички средства, нарекувајќи го Косово „терористичка“ и „бандитска“ држава.

Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли ја пофали интервенцијата на косовската полиција која, според него, постапила „во согласност со косовските закони“. Пацоли рече дека Ѓуриќ повеќе пати бил „предупреден да ги почитува косовските закони“.

Извор: DW

Би те интересирало и

По седум години можно проширување на веќе реформирана Унија

Враќање на Западен Балкан во воените 90-ти години не е изгледно. Политиката на проширување и ...

Србија официјално ќе забрани користење пластички кеси

Србија ќе забрани употреба на тенки пластични кеси и ќе воведе задолжителна наплата на биоразградливи, ...