Драстично намалени нивоата на неколку реки во Македонија

Нивоата на реките Црн Дрим кај Ложани и на Вардар кај Јегуновце се пет пати пониски од просекот за октомври – покажува днешното хидролошко мерење на УХМР.

Намалување на водостоите бележат и Вардар кај Зајчев Рид, Црна Река кај Новаци, Сатеска кај Ботун, Крива Река кај Крива Паланка, Треска кај Македонски Брод и Пчиња кај Катлановска Бања.

Повиско ниво од октомврискиот просек има само на Вардар кај Демир Капија и на Брегалница кај Берово.

Според УХМР, нивото на Дојранското Езеро повторно е зголемено, од -82 сантиметра колку што е просекот за октомври, на 174 сантиметри, додека Охридското езеро е нешто под просекот.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...