Државен рекорд за македонски пливачи на натпревар во Косово

Изминатиот викенд македонски пливачи учествуваа на меѓународниот пливачки натпревар „Степ” кој се одржа во Приштина, Косово каде учество земаа околу 400 пливачи од 4 држави.

Македонските пливачи успеаја да се вратат со вкупно 65 медали и тоа 17 златни, 22 сребрени и 26 бронзени медали, додека пак нашата пливачка Миа Блажевска Еминова постави нов државен рекорд во дисциплината 50 метри грбно за постари пионери со време 33,85 секунди со што го подобри стариот рекорд (Елена Матовска) со време 34,75 секунди.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Нашиот Дејан Недев е светски шампион

Македонија може да се пофали со ново злато во карате, благодарение на успехот на Дејан ...

Маестро Пирло ја заврши кариерата

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло изминатата ноќ стави крај на кариерата. Пирло ги одигра последните ...