Државните институции ги стандардизираат геопросторните податоци

Претставници на 20 државни институции со користење европски искуства се обучуваат да креираат и стандардизираат геопросторни податоци во своја надлежност, со што ќе овозможат да бидат достапни преку геопорталот за Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП) на Катастарот.

На тридневната работилница, што се одржува од денеска во Скопје во организација на македонскиот Катастар, претставници на Државната геодетска управа на Хрватска и на Шведскиот катастар, пренесуваат искуства за изработка на мета податоците и нивна валидација. Ќе се подготви и регистер на збирки на просторни податоци со кој точно ќе се дефинираат надлежностите од 32-та сета просторни податоци кои ги има Македонија.

Целта на работилницата е да се зголеми свесноста за потребата од развивање и споделување геопросторни податоци преку сервиси, во согласност со европската директива Инспире.

„Ова е добра можност сите државни институции своите сетови на просторни податоци да ги стандардизираат, тие што ги немаат да ги соберат, точно да се определи кој за што е надлежен, да се направат метаподатоци за производите кои ги имаат, и сите сплотени заедно да се објават односно да зрачат кон националниот геопортал“, изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески.

Според Томислав Цицили од хрватската Државна геодетска управа, воспоставувањето на националната инфраструктура на податоци влијае на транспарентноста на податоците од јавниот сектор во областа на просторните податоци.

Во Националната инфраструктура на просторни податоци на РМ членуваат 10 министерства, седум владини агенции, Град Скопје и две стопански комори. Законска должност на секој НИПП субјект е да креира метаподатоци на стандардизиран начин користејќи го националниот профил за метаподатоци, кој е достапен и на националниот НИПП геопортал.

Националната НИПП работилница е организирана во рамки на ИМПУЛС проектот за Западен Балкан, што се спроведува со финансии од Шведската меѓународна агенција за развој – СИДА.

Би те интересирало и

Во декември заедничка владина седница меѓу Албанија и Македонија во Подградец

Македонија и Албанија се земји со слични предизвици и меѓусебната соработка само ги потврдува пријателските ...

Ново судење за Сеад Кочан – ќе се изведуваат доказите

Во кривичниот суд денеска продолжува судењето за бизнисменот и сопственик на ТВ Нова, Сеад Кочан, ...