ДУИ почнува постапка за повторно свикување на Собранието

собрание2

ДУИ денеска ќе побара повторно свикување на Собранието. Информацијата беше објавенана социјалните мрежи фејсбук и твитер од лидерот на партијата, Али Ахмети и шефот на кабинет, Артан Груби

„ДУИ ќе иницира процеси со цел повторно да се состави парламентот. Првиот од нив ќе биде поднесен утре. Се надевам дека сите партии ќе ги поддржат напорите“, напиша Груби на Твитер, не откривајќи како ќе се одвива постапката.

Инаку, Фејсбук статусот на Ахмети се појави само еден час откако Американската амбасада порача да се свика Собранието и да се откажат изборите, но и да се поништи аболицијата.

Едно од можните решенија, која ја навести портпаролот на ДУИ, Бујар Османи е да се поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на одлуката за распуштање на Собранието.

И Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ги повика парламентарните партии кои не доставија листи за пратеници и не учествуваат во изборниот процес, да се приклучат на иницијативата за одржување на итна седница на Собранието на Република Македонија, на која ќе се донесе одлука за откажување на изборите и отпочне постапка за одговорност на Ѓорге Иванов поради злоупотреба на функцијата. Сојузот очекува на постојната иницијатива да се приклучат и независните пратеници, како и пратениците на ДУИ, ДПА и Унитети.

 

 

Би те интересирало и

„Мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор во Македонија“, книга на Лилјана Поповска

Недоволната поддршка од институциите го ограничува влијанието на мултикултурното поврзување во граѓанскиот сектор. Ова, во ...

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...