ДУИ со најмногу гласови во Шестата Изборна единица

ie6ka

Според резултатите на Државната изборна комисија на вчера одржаните Предвремени Парламентарни избори Демократската Унија за Интеграција освои најмногу гласови во 6 тата изборна единица.

Од вкупниот број на гласачи 40.599 својот глас го довериле на ДУИ или 25.7 %, втора е ВМРО ДПМНЕ со 26.134 гласа или 16.54 % со 1080 гласа помалку или 16.35% од гласачите гласале за СДСМ , по нив следи Беса со изненадувачки 25.054 гласови или 15.86 %.

Интересен е и податокот за кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во шестата изборна единица и кандидатот на СДСМ Петре Шилегов дека синоќа во 23ч.и 40 минути при пребројување на гласовите според Државната изборна комисија имаа ист број на гласови и тоа по 14.097 што говори за неизвесноста на овие избори во шестата изборна единица факт поткрепен и со податоците од штабовите на ДПА и Беса каде цело време синоќа додека се пребројуваа гласовите резултатите беа на страна на ДПА за да накрајот Беса однесе далеку поголем број на гласови од ДПА.

Алијансата на Албанците со 17.916 гласа е пред ДПА за која вчера гласаа 16.225.

За ПДП се изјасниле 1.142 полнолетни граѓани а за ВМРО за Македонија 919 .Со најмалку гасови во шестата изборна единица е Третиот блок со 293 гласа.

Во однос на другите изборни единици во 6 тата изборна единица е забележана најмала излезеност на овие избори и од вкупниот број на гласачи вчера гласале 51.32 % или 157.962 гласачи.



Додади коментар

Би те интересирало и

Времето денеска: Сончево и топло со засилен северен ветер

Сончево и топло со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринските температури ...

Општина Кисела Вода: Преземаме мерки за надминување на проблемот во Урбаната заедница „11 Октомври“

Општина Кисела вода преку соопштение се огласи во врска со денешниoт, попладневен протест на жителите ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger