Дури 77% од Бугарите го поддржуваат членството на земјата во ЕУ

photo_verybig_175954

Дури 77 проценти од жителите на Бугарија го поддржуваат членството на нивната земја во Европската Унија – покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Екзакта“. Како што јави БТА, според истражувањето против членството на Бугарија во ЕУ се само 13 отсто од анкетираните Бугари.

Меѓу поддржувачите на членството на Бугарија во ЕУ побројни се мажите, лицата на возраст под 60 години, како и оние со високо образование и со средни примања. Противници на членството се лица постари од 60 години, со низок степен на образование и со ниски месечни приходи.

Кога станува збор пак, за членството на Бугарија во НАТО, него го поддржуваат 59 проценти од испитаниците, а 22 отсто се против. Ова претставува зголемување на противниците на членството на Бугарија во НАТО за четири до пет проценти во однос на претходните анкети споведени во изминативе три години.

Поддржувачи на членството во НАТО се Бугари под 60 годишна возраст, оние со виско образование и жителите на градовите.

Анкетата е спроведена меѓу 27 и 30 декември 2016 година на примерок од 1.000 полноленти граѓани на Бугарија.



Додади коментар

Би те интересирало и

Извор : www.marketo.com

Употребата на социјалните медиуми во изборните кампањи

  Славица Биљарска Фејсбук, Твитер и другите социјални медиуми, повеќе од кога било претходно, овозможуваат ...

makedonska-policija-580x350-1

Пријава за претседателот на Стрелачкиот клуб Штип: Присвојувал пари и муниција

Кривична за претседателот на ,,Стрелачки клуб Штип”. Од клубот присвојувал и пари и муниција – ...

Close
×

Стадион на Канал77



Додади коментар
Web Design BangladeshWeb Design BangladeshMymensingh