ДХА: Убиени и повредени во операција против ПКК во Источна Турција

Во операција на турските сили за безбедност против борците на „Курдската работничка партија” (ПКК) на планината Тендјурек во Источна Турција има убиени и ранети, објави новинската агенција ДХА.

Информациите за престрелката со ПКК во реонот на провинциите Агри и Ван е од утринава. Самата операција почнала вчера попладне, откако милитанти на ПКК го блокирале магистралниот пат меѓу двете провинции и запалиле неколку тешки товарни возила. Борбите продолжуваат и во моментов се одвиваат со помош на воздушна поддршка од хеликоптери, посочува уште ДХА.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Макрон ќе предложи реформи за ЕУ и јакнење на монетарната унија

Францускиот претседател, Емануел Макрон утре ќе ги промовира своите предлози за реформи на Европската унија ...

Референдум за независност на Ирачки Курдистан

Граѓаните на ирачки Курдистан денеска ќе се изјаснат на референдум за независност на регионот од ...

Close