Евакуација во Њу Орлеанс: Нејт прерасна во ураган – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Евакуација во Њу Орлеанс: Нејт прерасна во ураган

Националниот центар за урагани издаде предупредување за државите Луизијана, Алабама и Флорида. Ветровите веќе достигнаа брзина од 120 км/ч, а се очекува дека и ќе засилат, наведуваат од центарот.

Од градската управа на Њу Орлеанс одлучија да ги евакуираат жителите на приградските населби поради невремето во кое веќе загинаа 25 лица во Централна Америка.

„Нејт ни е пред вратите и мораме да бидеме подготвени“, рече градоначалникот на Њу Орлеанс, Мич Ландриј.

Официјалните лица стравуваат дека поради силината на ветрот, брановите би можело да достигнат висина од три метри. Граѓаните на Њу Орлеанс се особено осетливи на невремиња по ураганот Катрина, кој го опустоши градот.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Наесто Пуџдемон, за малку полицијата ќе уапсела комичар

Шпанската полиција којашто е во потрага по Карлес Пуџдемон, за малку ќе уапсеше негов двојник ...

Во САД закажани три смртни казни во еден ден

Во три сојузни американски држави Алабама, Тексас и Флорида во ист ден се закажани извршувања ...